Тимот на Ускудар, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, ја забележа првата победа во турскиот шампионат.
Ускудар славеше на гостински терен кај составот на Одунпазари со 28-24 во второто коло, а Седлоска беше најдобар стрелец.
Македонската репрезентативка успеа да постигне шест погодоци во противничката мрежа и беше меѓу најзаслужните за победата.
Во следното коло Седлоска и Ускудар на домашен терен ќе играат против Бурса на Моника Килдан Јанеска, па ќе има македонски двобој.
























