Стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите за жени, а првото коло донесе интересни натпревари, убедливи гостински победи и едно реми.
Актуелниот шампион Мец без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Сторхамар со 32-23, додека финалистот Ѓер ја совлада Подравка со 26-23. Во победата на унгарскиот гигант блесна Тјаша Станко со осум гола.
Во групата А, ЧСМ Букурешт направи пресврт и го совлада Крим со 37-29, иако словенечкиот тим на полувреме имаше предност од 19-17. Есбјерг, пак, убедливо славеше против Борусија Дортмунд со 33-24, предводен од Хени Рајстад со десет гола. Ива Младеновска немаше погодоци за германскиот тим.
Брест Бретањ славеше на гостувањето кај Сола со 29-25, Ференцварош го совлада Будуќност со 29-20, додека Глорија Бистрица беше подобра од дебитантот Бломберг со 28-23.
Единствениот нерешен натпревар се одигра во данскиот двобој, каде Никобинг и Оденсе одиграа 27-27. Клара Лерби постигна дури 12 гола за Никобинг, додека Ана Вјахирева беше најефикасна кај Оденсе со шест.
Лига на шампиони, резултати, 1 коло:
ГРУПА А
Крим – ЧСМ Букурешт 29-37
Борусија Дортмунд – Есбјерг 24-33
Сола – Брест Бретањ 25-29
Будуќност – Ференцварош 20-29
ГРУПА Б
Сторхамар – Мец 23-32
Подравка – Ѓер 23-26
Бломберг – Глорија Бистрица 23-28
Никобинг – Оденсе 27-27

























