Вардарки немаа милост за Шампион

Ракометарките на Вардар се пласираа во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако славеа против Шампион со убедливи 32-18.

Избраничките на Александар Царчев уште на стартот поведоа со 6-0, па со 11-1 и веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крајот.

До крајот на првиот дел, вардарки ја одржаа предноста, 17-6, а второто полувреме беше само формалност, па шанса добија сите од ростерот.

Најдобри стрелци во редовите на Вардар беа Магдалена Тошевски со седум и Бојана Диневска со пет гола, додека кај Шампион, Велигденова даде пет погодоци.

Вардарки утре ќе се борат со Деспина од Прилеп, која го елиминира Кузман Вардар за место на завршниот турнир.

Куп на Македонија, жени, осминафинале:

Група 1
18/3, 16:30, Скопје – Спартак
18/3, 19:30, Ѓорче Петров – Чаир
19/3, 17:00, финале

Група 2
Вардар – Шампион 32-18
Деспина – Кузман Вардар 35:16
19/3, финале, Вардар – Деспина

Група 3
Стружанка – Астибо 27-19
18/3, 19:00, Овче Поле СУ – Металург
19/3, финале, Стружанка – Овче Поле СУ/Металург

Група 4
Пелистер – Гевгелија 26:17
19/3, 17:00, финале, Пелистер – Куманово