Спартак го освои трофејот на меморијалниот турнир „Андреа Ампова“ во Делчево

ЖРК Спартак од Кисела Вода го освои трофејот на второто издание на меѓународниот меморијален турнир „Андреа Ампова“, кој се одржа во Делчево.

Во финалето, Спартак и домаќинот Делчево одиграа неизвесен натпревар кој по регуларните 60 минути заврши 13-13. Победникот беше решен по изведувањето на пенали, каде ракометарките на Спартак беа поуспешни и славеа со 16-14.

Во натпреварот за третото место, Илинден Вардар го совлада Астибо од Штип со 21-15 и го освои бронзениот медал.

Петтото место му припадна на Пирин од Бугарија, кој во директната пресметка за пласманот беше подобар од Топличанин од Србија со минимални 11-10.

Турнирот во Делчево и годинава понуди интересни и неизвесни натпревари, а финалето беше решено дури по пенал-серијата.