Лекиќ успешно оперирана, но останува без Мундијал

Репрезентативката на Србија и поранешна ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ е успешно оперирана. Таа имаше проблеми со тапанчето на десното уво поради што мораше итно да биде оперирана, а поради ова останува без настап на Мундијалот во Јапонија.

Лекиќ заработи повреда на средбата меѓу ЧСМ Букурешт и Ростов Дон. Докторите советуваа хируршка интервенција, а откако истата беше извршена таа мора да паузира најмалку три недели.

Ова значи дека Србија останува без нејзина помош на Светското првенство. Тоа му беше јасно на Љубомир Обрадовиќ, па веќе го има составот за СП, а со девојките веќе се наоѓа на турнир во Сеул каде што Србија ќе игра против Кореја, Русија и Унгарија.

На Мундијалот Србија се наоѓа во Групата А каде што за противници ќе ги има репрезентациите на Холандија, Норвешка, Словенија, Ангола и Куба.