Голема доверба од ЕХФ – Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за четвртфиналните средби од Лигата на Европа во машка конкуренција.

За македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски претстои голем предизвик во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Битолчаните ќе го судат дерби натпреварот од четвртфиналните средби меѓу германскиот Рајн Некар Левен и португалскиот Спортинг Лисабон.

Овој натпревар на кој делегат ќе биде Норвежанецот Оје, ќе се игра во Хајделбергво вторник на 23 април со почеток во 20:45 часот.