Словенецот успешно опериран, Барселона еден месец без Јанц

Барселона преку својата официјална страница потврди дека е извршена успешна операција на Словенецот Блаж Јанц.

На Јанц му беше извршена операција на слепото црево, а десното крило на Словенија ќе пропушти околу еден месец. На последното Европско првенство во Шпанија, Јанац одигра 17 натпревари и постигна 50 голови.

И во редовите на Барселона Јанц е еден од најважните ракометари со 20 постигнати на 12 натпревари во Лигата на шампионите.

За Барселона Јанц настапува од 2020 година кога пристигна од Келце каде што играше од 2017 година, а го носеше дресот уште на Целје.