Реконструкција во Рајн Некар, заминува и клучниот играч во одбраната

Екипата на Рајн Некар Левен на крајот на сезоната ќе се раздели со пикерот од Шпанија, Гедеон Гвардиола. Ова е втор важен играч од ростерот по Менсах Ларсен кој нема да го продолжи договорот со клубот.

Гвардиола го носи дресот на екипата од Манхајм од 2012 година и за периодот поминат во клубот се истакна како важна алка во одбраната. Тој беше дел од сите успеси на Рајн Некар и стана миленик на публиката, а со изданијата особено во одбраната израсна во еден од најдобрите дефанзивци во лигата.

Шпанецот има 35 години и неизвесено е каде ќе ја продолжи кариерата, но со оглед на искуството и квалитетот сигурно нема да има проблем да најде нов ангажман. Пред да се пресели во Бундес лигата кружниот напаѓач има настапувано во шпански клубови од кои најпознат е Портланд Сан Антонио.