Рајн Некар донесе фински репрезентативец

Тимот на Рајн Некар ангажираше ново засилување во пресрет на следната сезона на левата крилна позиција.

На местото на шведскиот репрезентативец Џери Толбринг, кој оди во данскиот ГОГ Гудме, „лавовите“ го донесоа Финецот Бенџамин Хеландер.

Финскиот репрезентативец доаѓа од шведската екипа Алингсас, со која оваа сезона имаше настапи во Лигата на Европа и го привлече вниманието на повеќе европски екипи.

Хеландер има 22 години и ќе формира дуо со ѕвездата Уве Генсхајмер на лево крило.