Рајн Некар го крои тимот за следната сезона

Екипата на Рајн Некар полека го крои составот за новата сезона, а според последните информации веќе е договорено продолжување на соработката со двајца играчи од актуелниот состав, Матс Патраил и Никлас Киркел.

Тие се обврзаа да го носат дресот на Рајн Некар и во сезоната која што следува, така што веќе ги потпишаа новите договори. Во ситуација кога Јеспер Нилсен си заминува, а Абутовиќ е повреден Матс Патраил ќе треба да има поголема улога и во нападот и во одбраната.

За разлика од нив репрезентативецот на Шведска, Џери Толбринг се одлучи да го напушти тимот, но и Бундес лигата. Тој ќе ја продолжи кариерата во редовите на ГОГ Гудме. Толбринг имаше договор со Рајн Некар до 2023 година, но се договори со клубот за да ја раскинат соработката.

Засега нема нови информации околу тоа кои ќе бидат засилувањата на тимот во обидот да се избори за враќање во трката за титулата во Бундес лигата.