ТРИ ЅВЕЗДИ НА 5. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Како што најави 24Ракомет, единствениот специјализиран портал за ракомет, од сезонава ќе избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“. На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеалниот тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“. Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 3. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Со натпреварот меѓу Стружанка и Овче Поле СУ беше комплетирано 5. коло во Женската лига.

Во изборот за ѕвезда на петтото коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Вардар и Стружанка.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Женска лига, 5. коло, резултати:

Стружанка- Овче Поле СУ 31-14 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Чаир 27-36 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Ѓорче Петров 16-45 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Шампион 45-20 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Скопје 36-23 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Гевгелија 32-14 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Куманово 19-37 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ24231070
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА25211364
3ЧАИР24201361
4ВАРДАР24191458
5КУМАНОВО24180654
6СТРУЖАНКА251211237
7ДЕСПИНА241011331
8ПЕЛИСТЕР 2012241011331
9СКОПЈЕ25931330
10СПАРТАК24911428
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.24441616
12АСТИБО24402012
13ШАМПИОН2421217
14ГЕВГЕЛИЈА2510243

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 5. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Марија Голабоска - Стружанка
51.28%
Симона Василева - Вардар
41.11%
Емилијана Ризоска - Ѓорче Петров
7.61%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 5. КОЛО

Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка со дури 18 гола го предводеше Ѓорче Петров до убедлива победа на гостувањето во Прилеп кај Деспина. Ризоска, која пред две сезони беше најдобар стрелец во македонскиот шампионат, покажа и одлична игра во одбраната.

Симона Василева (Вардар) – Ракометарката која што може да одигра на сите бековски позиции во дуелот со Шампион постигна 12 погодоци и ги предводеше „црвено-црните“ до висока победа.

Марија Голабоска (Стружанка) – Екипата на Стружанка со победата над Овче Поле СУ од 31:14 се израдува на втората сезонска победа во Женската лига. Одличен натпревар во редовите на домашната екипа имаше токму Голабоска, постигна осум погодоци во мрежата на гостинскиот тим.