Бранителот на трофејот на Струшкиот турнир, Охрид, забележа победа на стартот на 54. издание, откако го победи домаќинот Струга со 37-24. Охриѓани мораа добро да се испотат во првиот дел, но доминираа на теренот во второто полувреме.
Сега на охриѓани за ново финале, ќе им биде потребна победа над Дубочица, додека стружани не се без шанси, но ќе се надеваат на кикс на „гладијаторите“ против српскиот претставник.
Натпреварот понуди одличен ракомет и најчесто се играше гол за гол во првото полувреме, а на дело ги видовме новите имиња во двата тима – Ивановски, Јошида, Славиќ…на едната страна, но и Георгиевски, Танкоски, Јукиќ, Шилегов…

Сепак во последните неколку минути од првиот дел гостите успеаја да поведат со 16-13 и да имаат ветувачка предност на паузата. На стартот на вториот дел охриѓани искористија набрзина грешки на доамшните и отидоа на плус седум, 20-13.
Стружани останаа без Георгиевски кој доби црвен картон, а на стартот на второто полувреме Охрид остана без Борис Ројевиќ, по црвениот картон за клупата. „Гладијаторите“ не попуштаа во темпото и отидоа на девет плус, 29-20.

До крајот и Бабачев, кој го замени Ројевиќ, како и Мојсов, им дадоа шанса на сите ракометари што ги имаа на располагање, Охрид ги искористи сите прилики што му се укажаа и на крајот победи убедливо.

























