Најстариот ракометен турнир во Македонија и годинава ќе го означи почетокот на новата сезона.
Со него, почнува ракометната магија во Македонија. Од 12 до 15 август, на отвореното игралиште покрај Охридското Езеро, ќе се одржи 54. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Вангел Баљукоски – Баљук“.
Дневните билети ќе чинат 100 денари и со нив ќе може да се следат двата меча од дневната програма на турнирот.
Продажбата ќе започне денеска после 17:00 часот, на влезот на игралиштето „Горан Попоски Бабец“.
На првиот ден од турнирот од 18:30 часот ќе се игра натпреварот меѓу Вардар и Прилеп, потоа по 20:00 часот ќе следува свеченото отворање, додека од 21:15 часот е дуелот меѓу Струга и Охрид.

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























