ТРИ ЅВЕЗДИ НА 26. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 26. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 26. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Пелистер и Металург Автокоманда.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, 26 коло, резултати:
Куманово – Металург Автокоманда 23:37 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Спартак 38:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Деспина 22:21 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Ѓорче Петров 29:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Чаир 25:43 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Скопје 23:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Овче Поле СУ 20:30 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ26251076
2ЧАИР26221367
3МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА26221367
4ВАРДАР26201561
5КУМАНОВО26190757
6СТРУЖАНКА261311240
7ПЕЛИСТЕР 2012251111334
8ДЕСПИНА261011531
9СКОПЈЕ25931330
10СПАРТАК25911528
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.26541719
12АСТИБО26402212
13ШАМПИОН2521227
14ГЕВГЕЛИЈА2610253

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 26. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Теодора Гулицоска - Металург Автокоманда
50.56%
Моника Босилковска - Пелистер
46.07%
Матеа Чурлиновска - Ѓорче Петров
3.37%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 26. КОЛО

Теодора Гулицоска (Металург Автокоманда) – Искусната членка на дебитантот одигра одлично на гостувањето во Куманово и со 11 погодоци го предводеше својот тим до убедлива победа.

Моника Босилковска (Пелистер) – Имаше одлична реализација во пелагониското дерби со Деспина, зад своето име запиша 13 погодоци, со што беше најзаслужна за освоените три бодови.

Матеа Чурлиновска (Ѓорче Петров) – Младата голманка на старо-новиот шампион во финишот на дерби дуелот со Вардар забележа неколку интервенции во клучни моменти.