Младост Богданци го комплетираше ростерот – потпиша српски бек

Новиот суперлигаш Младост Богданци ќе биде посилен за српски интернационалец на левата и средна бековска позиција.

Станува збор за Жељко Пеиќ Тукуљац, а трансферот што го најави 24Ракомет, денеска доби своја официјализација.

Пеиќ има 27 години, потекнува од Спартак Суботица, каде играше до 2020 година, а потоа по една сезона мина во српските Мачва, Прибој, Топличанин и Југовиќ Каќ.

Во 2024 се пресели во босанскиот тим Вишеград, а во сезоната 2025/26 настапуваше за грчкиот Зафиракис.

Младост Богданци оваа недела гостува кај Бутел Скопје во првото коло од Супер машката лига.