Најомразената судиска двојка во Македонија ќе му суди на Вардар на камбекот во ЛШ!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите.

Вардар ќе гостува кај бундеслигашот Мелсунген во првото коло, а ЕХФ за таа средба одреди судии од Данска.

Станува збор за позната двојка Мадс Хансен и Јеспер Мадсен, кои не се омилени во Македонија.

Хансен и Мадсен го навлекоа гневот кај македонската јавност по арбитражата на дуелот меѓу нашата репрезентација и Холандија на СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.

Делегат на натпреварот ќе биде Швајцарецот Нагел.

Мечот меѓу Мелсунген и Вардар ќе се игра на 10 септември во „Ротенбах Хале“ во Касел со почеток од 20:45 часот.