Прво, па машко: Гогов стана капитен и веднаш крена трофеј со Вардар!

Васил Гогов имаше идеален почеток во новата улога во Вардар. Македонскиот голман за првпат го предводеше тимот со капитенската лента, а уште на „дебито“ стигна до трофеј.

„Црвено-црните“ во драматичен натпревар го совладаа Охрид со 32-31 во Супер Купот на Македонија, па Гогов на најдобар можен начин ја оправда довербата што ја доби од соиграчите да биде лидер на екипата.

За голманот ова е посебен момент, бидејќи Гогов е играч кој помина низ Вардар Јуниор и со години е дел од клубот.

Сега ја доби капитенската лента и одговорноста да биде еден од предводниците на тимот. Но Вардар нема многу време за славење и веќе утре го очекува првиот меч од Супер лигата против Еурофарм Пелистер 2, а идниот четврток и стартот на Лигата на шампионите на гости кај Мелсунген.