Еурофарм Пелистер 2 му посака добредојде на „црногорскиот дијамант“

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најновото име што пристигна во Битола е Данило Гутиќ, млад десен бек од Црна Гора.

Ова беше најавено пред десетина дена од 24Ракомет, а денеска трансферот беше официјализиран и од Еурофарм Пелистер 2.

Станува збор за ракометар роден во 2008 година, кој важи за еден од најголемите таленти на црногорскиот ракомет. Гутиќ игра на позицијата десен бек, а кариерата ја почна во Морнар од Бар. Црногорскитe медиуми лани го опиша како „еден од најголемите таленти на црногорскиот ракомет“, кога беше објавено дека потпишал тригодишен договор со германски Штутгарт.

Гутиќ уште како млад играч доби можност да замине во Германија и да биде дел од системот на Штутгарт. Неговиот квалитет се потврди и во младинските селекции на Црна Гора.

Гутиќ на Европското првенство за кадети во 2026 година постигнал вкупно 35 голови за Црна Гора. На мечот против Исланд реализирал 7 погодоци, против Швајцарија 12, против Украина 12 и против Холандија 4, што уште еднаш покажува дека станува збор за бек со изразен напаѓачки потенцијал.

Гутиќ е посебно интересен затоа што е леворак бек, профил што секогаш е баран на пазарот.

Еурофарм Пелистер 2 утре со гостување кај актуелниот шампион Вардар ја започнува новата сезона во Супер машката лига.

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________