ТРИ ЅВЕЗДИ НА 24. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 24. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 24. коло има по една ракометарка од Куманово, Деспина и Металург Автокоманда.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, 24 коло, резултати:
Пелистер – Металург Автокоманда 25:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Стружанка 25:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Ѓорче Петров 12:64 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Скопје 26:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Спартак 45:36 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Деспина 21:31 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Чаир 16:58 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ24231070
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА24201361
3ЧАИР24201361
4ВАРДАР24191458
5КУМАНОВО24180654
6СТРУЖАНКА241211137
7ДЕСПИНА241011331
8ПЕЛИСТЕР 2012241011331
9СКОПЈЕ25931330
10СПАРТАК24911428
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.24441616
12АСТИБО24402012
13ШАМПИОН2421217
14ГЕВГЕЛИЈА2510243

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 24. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Ивона Трпевска - Вардар
54.79%
Сара Миновска - Металург Автокоманда
42.02%
Сара Цветановска - Куманово
3.19%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 24. КОЛО

Сара Цветановска (Куманово) – Кружниот напаѓач на вицепрвакот веќе цела сезона игра во одлична форма и со седум погодоци беше предводник на нејзиниот тим во победата над Стружанка.

Ивона Трпевска (Вардар) – Десното крило на „црвено-црните“ имаше девет успешни реализации на натпреварот против Спартак, сите погодоци ги постигна од игра.

Сара Миновска (Металург Автокоманда) – Членката на новакот беше расположена на гостувањето во Битола кај Пелистер и зад своето име запиша девет погодоци.