Шампионот останува на тронот – Ѓорче Петров слави нова титула!

Ѓорче Петров ја одбрани шампионската титула во Женската лига, откако славеше над Шампион со 64-12 и сега има 70 бодови, односно недостижни девет бодови пред второпласираниот Чаир.

Ова за Ѓорче Петров е трета шампионска титула во серија по оние во 2022 и 2023 година, а вкупно 20 во клупската историја, откако овој клуб ги наследи титулите на легендарниот Кометал ЃП.

За натпреварот со Шампион доволна е една реченица. По првото полувреме беше 30-4, шанса за настап добија сите ракометарки, а вториот дел беше само како тренинг натпревар и „лавиците“ постигнаа уште 34 погодоци.

Најдобри стрелци во редовите на шампионот беа Емилијана Ризоска со 13 погодоци и Ева Божиновска која додаде уште девет. Во составот на Шампион по три гола дадоа Мила Филипова и Ана Ристевска.

Избраничките на Симе Симовски имаат за играње уште два меча, дома со Астибо и на гости кај Вардар, на кој ќе ја добијат шампионската титула. Следниот викенд ги очекува настапот и на Ф4 во Купот на Македонија.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ24231070
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА24201361
3ЧАИР24201361
4ВАРДАР24191458
5КУМАНОВО24180654
6СТРУЖАНКА241211137
7ДЕСПИНА241011331
8ПЕЛИСТЕР 2012241011331
9СКОПЈЕ25931330
10СПАРТАК24911428
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.24441616
12АСТИБО24402012
13ШАМПИОН2421217
14ГЕВГЕЛИЈА2510243