По поразот од унгарскиот првак Веспрем, словенечкиот шампион Целје славеше прв триумф на подготвителните натпревари.
Тимот каде што игра Димитар Узунчев, запиша победа против унгарскиот состав Ѓер кој ги има во своите редови, Борбељ, Кушан, Степанчиќ, Ѓери…со 35-34.
Македонскиот интернационалец успеа да постигне еден погодок во мрежата на Ѓер, додека најдобар беше капитенот Жига Млакар со осум гола.
Следен предизвик за Целје одново ќе биде настап во Унгарија, овојпат на турнирот на Татабања, каде ќе се сретнат со полскиот Келце.
_________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























