Кипријановска и Арсениевска дебитираа за Старт Елблаг

Македонските репрезентативки Јована Кипријановска и Ивана Арсениевска ги одиграа првите натпревари за новиот клуб Старт Елблаг.

Нивниот нов клуб играше на меморијалниот турнир „Едуард Јанковски“, каде го освои третото место.

Во полуфиналето Старт Елблаг загуби од МКС Лублин со 46-27, Кипријановска даде три гола, а Арсениевска стрелаше еднаш.

Во битката за третото место, Старт Елбаг славеше против Радом со 45-30, а Кипријановска беше меѓу најдобрите со пет погодоци.

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________