Четворица кадетски репрезентативци во иднина ќе го носат дресот на Бутел Скопје, дознава 24Ракомет.
Средниот бек Трајче Костов, пивотменот Ѓорѓи Лешникоски, десниот бек Димитар Симовски и десното крило Лука Јовиќ, ќе играат во тимот на Стојанче Стоилов.
Тројцата од нив – Костов, Лешникоски и Јовиќ беа дел од македонската репрезентација на ЕП во Србија, каде беше освоено 9 место.
Симовски се повреди во последен момент и не настапи за националниот тим во Србија, но ќе биде дел од составот на Стоилов.
Претходно Бутел Скопје се засили со младите Андреј Ѓорѓески, Тодор Аксентиев, Давид Аврамовски, уште еден кадетски репрезентативец Тома Симоновски, десниот бек Кристијан Стаменковиќ, како и голманите Марко Богдановски и Градимир Чаневски.

























