Еден од најпознатите и најдобрите чешки тренери, Растислав Тртик, почина денеска на 63. годишна возраст.
Тртик е творецот на можеби најдобрите резултати на машката репрезентација на Чешка – 10 место на ЕП 2004 и 11 место на СП 2005 година.
Тој ја водеше Чешка во два наврати, а последен пат во периодот меѓу 2021 и 2022, односно пред доаѓањето на Чави Сабате на клупата.
Како тренер работеше во составот на Бањик Карвина, потоа бундеслигашот Мелсунген, полскиот Горњик Забже, словачкиот Татран Прешов со кој гостуваше и во Македонија во рамките на натпреварите од регионалната СЕХА лига.