Екипата на Скопје в година ќе игра во Прва лига, но истовремено ќе има и промена во играчкиот кадар па поголема минутажа ќе добијат помладите играчи. Натпреварот меѓу Голден Арт и Скопје беше последен како играч за Стефан Стојановски од тимот на Скопје. Тој реши да ја заврши играчката кариера и да се посвети на тренерскиот занает.
Стојановски веќе работи со пионерската екипа на Скопје, но во иднина ќе има и повеќе ангажман во сениорскиот тим бидејќи ќе остане како дел од стручниот штаб и ќе му помага на Оливер Димитриоски.
Популарниот „Грозде“ во својата кариера најголем дел мина во редовите на Пролет, и играше на позициите лев бек и повеќе имаше дефанзивни задачи. По потреба знаеше да „скокне“ и на помош на другите места, на пример како пивотмен.
Покрај во Пролет беше и дел од тимот на Јуниор КВ, беше и на поширокиот дел од младинските селекции на Македонија. Скопје има за цел повеќе да се посвети на работата со младите категории, и играњето во Прва лига ќе им биде шанса за собирање искуство и секако што побрзо враќање во елитата.