North Macedonia vs Hungary, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Varazdin, Croatia, 15.01.2025, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

Пешевски: Ова беше тежок ден за нас, но собравме сили да изгинеме на теренот

Македонија успеа да одигра реми 27-27 во драматичниот натпревар против големата Унгарија на стартот на СП 2025.

Кружниот напаѓач Жарко Пешевски ги сподели импресиите по освоенит бод против Унгарците.

,,Ова за нас беше тежок дуел, уште потешко го започнавме денот, изгубивме еден пријател и спортски работник, кој на повеќето од нас ни беше тренер, не потресе многу веста, но собравме снага и сила да излеземе и да изгинеме на терен. Имавме свои моменти да победиме, го имавме мечот во раце, а ремито е најреален исход. Ова нека ни биде мотив за следните натпревари и заедно да се радуваме”, изјави Пешевски.

Следен предизвик за репрезентацијата на Македонија ќе биде дуелот со Холандија на 17 јануари.

Храбрата Македонија до голем бод против моќната Унгарија

 

 

„Бековската тројка против Унгарија ми заличе на Мојсовски, Миркуловски и Лазаров!“

 

Лазаревски: Oвој меч му го посветуваме на Јовиќ – игравме за него!

 

Кузмановски: Покажавме како треба да се игра за Македонија

 

Костески: Тежок и исцрпувачки меч – малку фалеше да победиме!

 

Храбрата Македонија до голем бод против моќната Унгарија