Тимот на ЦСКА Москва во машка и Ростов Дон во женска конкуренција ги освоија шампионските титули во Русија.
Кај мажите, ЦСКА Москва се враќа на тронот, откако лани Зенит Санкт Петербург беше првак, а во финалната серија тимот на Олег Ходков беше подобар со 2-0 во победи.
Откако славеа на гостувањето во Санкт Петербург со 25-22, на домашен терен немаа проблеми и со убедлив триумф од 27-19 ја потврдија третата шампионска титула.
Кај дамите, беше многу поинтересно. Ростов Дон во финалната серија беше подобар со 3-2 во победи од големиот ривал ЦСКА Москва.
Тимот на Ирина Дибирова водеше со 2-0, ЦСКА израмни на 2-2, а во мајсторката на теренот на Ростов Дон славеа домаќинките со 34-24 и така се врати на тронот по пауза од четири години.
























