Покрај тимот на Кувајт Клуб, победнички старт на Азиското клупско првенство имаа и екипите на Ал Калиџ од Саудиска Арабија и Бурган од Кувајт.
Ал Калиџ славеше против составот на Шарџа од Обединетите Арапски Емирати со 32-30, а предводник беше Дмитро Горига.
Поранешниот вардаров лев бек даде шест гола од седум обиди и беше избран за МВП на овој меч. Голманот Кристијан Пилиповиќ имаше една одбрана.
Претходно составот на Бурган беше подобар со 29-28 од тимот Ал Духаил од Катар, а втор стрелец беше Косуке Јасухира, кој минатиот викенд го освои трофејот во ЕХФ Купот со Охрид.
Кај Ал Духаил, кој е предводен од Мартин Амброш, а во стручниот штаб е нашиот Петар Мисовски, се истакна екс голманот на Еурофарм Пелистер, Карим Хендави, кој запиша 14 одбрани.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























