Tрансферот на српскиот репрезентативец Марко Тасиќ во македонскиот шампион Вардар нема да се реализира ова лето, иако дефанзивецот подолг период беше меѓу главните желби на „црвено-црните“ за новата сезона, пишува „Моцарт Спорт“.
По одличните настапи на ЕП во Данска, Шведска и Норвешка, Тасиќ го привлече вниманието на повеќе клубови. Србинот остави силен впечаток во националниот тим, особено во дуелот против Германија, каде што одигра значајна улога во одбраната.
Покрај репрезентативните настапи, Тасиќ беше меѓу најдобрите играчи и во дресот на Динамо Панчево, што дополнително ја зголеми неговата вредност на трансфер пазарот.
Вардар сериозно работеше на негов ангажман во пресрет на сезоната во која најверојатно ќе настапува во Лигата на шампионите, но преговорите немаа позитивен исход. Главна пречка беше обештетувањето што го бараше српскиот клуб, бидејќи Тасиќ има договор до 2027 со тимот од Панчево, па тој најверојатно ќе остане да го одработи договорот до крај.























