Данскиот прволигаш Сoндерјиске продолжува со засилувањата за новата сезона и официјално го претстави кубанскиот лев бек со холандски пасош, Реиниер Табоада како нов член на тимот.
Искусниот ракометар пристигнува од португалскиот гигант Бенфика и потпиша тригодишен договор, кој ќе важи до летото 2029 година. Табоада мина една сезона во Еурофарм Пелистер и остави одличен впечаток.
Тој зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи на највисоко ниво и во Лигата на шампионите, а во Сондерјиске веруваат дека ќе биде едно од клучните засилувања во амбициозниот проект на клубот.
„Сондерјиске е клуб во подем, со големи амбиции и интересен проект во кој силно верувам. Со семејството со нетрпение го очекуваме преселувањето. Голема желба ни беше повторно да се вратиме во Данска и ова изгледа како совршен следен чекор во мојата кариера“, истакна Табоада.
























