ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Ѓер во потера на Хипо – се игра финалето во Лигата на шампионите

Денеска во центарот на вниманието ќе биде финалето од Лигата на шампионите меѓу актуелниот првак Ѓер и Мец.

Унгарките имаат седум европски титули и ако слават денеска и стигна до осмата, ќе се израмнат на вечната листа со некогашниот гигант Хипо, а далеку напред е Спартак Киев со 13 титули.

Мец за првпат игра во мечот за злато и ќе се обиде да му го загорчи животот на унгарскиот состав, кој секој Ф4 ја има полната сала зад себе.

Претходно во битката за бронза ќе играат францускиот Брест Бретањ и романскиот ЧСМ Букурешт.

Во финалето на Копа дел реј ќе играат Барселона и Бидасоа Ирун, додека во финалето на Купот на Португалија ќе се соочат Бенфика и Спортинг Лисабон.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 БРЕСТ БРЕТАЊ – ЧСМ БУКУРЕШТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
17:00 БИДАСОА ИРУН – БАРСЕЛОНА (КОПА ДЕЛ РЕЈ)
18:00 ЃЕР – МЕЦ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:30 БЕНФИКА – СПОРТИНГ ЛИСАБОН (КУП НА ПОРТУГАЛИЈА)

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________