Антонела Ѓероска и наредната сезона ќе биде „лавица“

Новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2 веќе активно работи на составот со кој ќе се натпреварува претстојната сезона во елитната конкуренција.

Прва од актуелниот ростер што го обнови договорот е левиот бек Антонела Ѓероска, кој се обврза нова верност кон „лавиците“.

Кадетската репрезентативка ќе продолжи да го носи дресот на тимот предводен од легендарната Милева Велкова.

Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.