Актуелниот европски шампион Магдебург ги освои бодовите на гостувањето во Полска кај Висла Плоцк, откако во неизвесен дуел триумфираше со 28:26 во натпревар од 4. коло од Лигата на шампионите.
Магдебург во поголемиот дел од првото полувреме беше во резултатска предност, водеше и со пет гола разлика, но домашниот тим направи камбек во вторите 30 минути и речиси до самиот крај беше во игра барем за бод.
Откако германскиот тим замина на пауза со 14:12, во вториот дел дозволи Вицла Плоцк да се врати во игра, па така европскиот првак стравуваше за бодовите.
По предноста на Висла Плоцк од 23:22, гостите со серија од 3:0 се одлепија на 25:23 и во тој момент не ја испуштија стекнатата предност.
Одлична партија во победничката екипа имаше Феликс Клар со девет погодоци. Кај Висла Плоцк со шест погодоци се истакна хрватскиот репрезентативец Тин Лучин.