ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 13 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Вардар, Охрид, Еурофарм Пелистер 2, Голден Арт, Бутел Скопје и Тиквеш.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 13. коло, резултати:

Група А

СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 24-42 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СТРУГА 22-17 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – КУМАНОВО 29-12 (ИЗВЕШТАЈ)
АЕРОДРОМ – ОХРИД 30-37 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100230
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1270521
6ТИКВЕШ 20141251616
7ПРОЛЕТ1243515
8ПРИЛЕП1242614

Група Б

ГОЛДЕН АРТ – ПРИЛЕП 28-18 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 32-21 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР НЕГОТИНО 26-19 (ИЗВЕШТАЈ)
МУЛТИ ЕСЕНС – ВАРДАР 23-40 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 13.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Давид Даев - пивот - Голден Арт
63.08%
Филип Николов - десен бек - Бутел Скопје
9.59%
Марко Кизиќ - голман - Еурофарм Пелистер
8.14%
Мартин Карапалевски - среден бек - Вардар
5.81%
Гал Цирар - десно крило - Охрид
4.94%
Мирко Мајиќ - лево крило - Тиквеш
4.94%
Христијан Митревски - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
3.49%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер) – Чуварот на мрежата на шампионот беше меѓу најдобрите во триумфот над Пролет и ги откажа гостите.

Лево крило: Мирко Мајиќ (Тиквеш) – Црногорското лево крило постигна пет погодоци во триумфот над Скопје.

Лев бек: Христијан Митревски (Еурофарм Пелистер 2) – Поранешниот младински репрезентативец беше меѓу најзаслужните за победата над Струга.

Среден бек: Мартин Карапалевски (Вардар) – Плејмејкерот одигра во вториот дел против новајлијата и беше меѓу најдобрите поединци.

Десен бек: Филип Николов (Бутел Скопје) – Велешанецот и против Вардар Неготино ја продолжи одличната форма од стартот на сезоната.

Десно крило: Гал Цирар (Охрид) – Словенецот беше меѓу најдобрите со седум гола против Аеродром.

Пивот: Давид Даев (Голден Арт) – Кружниот напаѓач капитенски ги предводеше своите соиграчи до триумф над Прилеп.