Еурофарм Пелистер 2 ја реши Струга, продолжува неизвесноста за билет за плеј-оф

Еурофарм Пелистер 2 славеше против составот на Струга со 22-17 и до последното коло ќе има неизвесност која екипа од овие две, последна ќе им се приклучи на вицепрвакот, Тиквеш и Охрид во суперлигашкиот плеј-оф.

Струга има 18 бода на четвртото место на табелата, додека Еурофарм Пелистер 2 сега има 15 и се наоѓа на петтата позиција, но со подобар меѓусебен двобој откако загуби кај Струга со 23-21. Во последното коло битолчани ќе играат на гости кај Куманово, додека Струга има меч дома против Аеродром, па овие две средби сигурно ќе донесат возбудувања.

Избраниците на Михаил Петровски уште од стартот на мечот најавија дека се мотивирани и желни за три бода. Поведоа со 6-2, па 10-3, Печурица беше одличен на голот, а во нападот погодуваа Митревски, Трпчевски, Мијушковиќ…Стружани имаа проблеми со реализацијата во првиот дел и останаа само на пет гола, 12-5.

По 13-6 на почетокот во поголемиот дел Струга погоди три пати во серија преку Бошњак, Костоски и Младеновски за 13-9, но тоа не внесе немир кај домашните ракометари, кои го засилија темпото и се одлепија на плус седум, 20-13.

Момците на Наум Танески не откажуваа од борба, се закануваа по водството на Еурофарм Пелистер 2, во финишот одново намалија на минус пет, имаа и шанси за помала негатива, но време имаше се помалку и на крајот мораа да се помират со пораз во Битола.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Митревски со шест и Талевски со четири погодоци, а Печурица беше одличен на голот, додека кај Струга се истакна екс пелистерецот Бошњак со осум гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122