Ракометарките на Овче Поле СУ забележаа нова победа во Првата лига, откако на гостувањето кај поранешниот суперлигаш Астибо во Штип славеа со 33-26 во рамките на третото коло.
За составот од Свети Николе ова беше трет триумф оваа сезона. Во центарот на вниманието беше Анастасија Сентовска, која даде десет гола.
Јована Ангеловска додаде седум, Јована Конева постигна шест, додека Стефанија Павловска имаше учинок од пет погодоци. Одлична партија имаше и голманката Ивана Станчева, која запиша 11 одбрани.
Кај Астибо, Анастасија Богоевска и Мила Филипова беа најефикасни со по шест гола, додека Мелани Неделкова постигна пет.

























