Еурофарм Пелистер се загреа за Загреб, Кизиќ стана ноќна мора за Пролет

Ракометарите на Еурофарм Пелистер запишаа нова победа во Супер лигата, откако во „Боро Чурлевски“ го победија составот на Пролет предводен од нивниот поранешен тренер Александар Јовиќ, со убедливи 32-21.

Марко Кизиќ блескаше на голот во текот на целиот натпревар, па гостите немаа многу шанси и уште по првиот дел мораа да се помират со поразот. Еурофарм Пелистер сега има 36 бода, исто колку и Вардар, но ако двете екипи забележат победи во последната рунда, скопјани ќе го освојат првото место поради подобриот меѓусебен дуел.

За стратегот Бранко Ангеловски овој натпревар беше одлична подготовка за претстојниот натпревар против Загреб во Лигата на шампионите в четврток, кој ќе биде последен за битолчани оваа година.

Пролет одржуваше рамнотежа до 5-5, но потоа како да подзастана и пелистерци набрзина стигнаа до плус пет, 10-5. Гостите во продолжение намалија на минус три, но во финишот од полувремето, одново попуштија, Кизиќ бранеше одлично и Еурофарм Пелистер имаше плус шест на пауза, 18-12.

Второто полувреме беше рутински одработено, шанса за настап добија сите ракометари и немаше многу возбудувања на теренот. Во финишот на мечот незгодни падови имаа Петровиќ од Еурофарм Пелистер и Томислав Димковски од Пролет, но не би требало да се повредени посериозно.

По четири гола за победничкиот тим постигнаа Радивојевиќ, Кузмановски, Пешевски и Василев, додека Арсеновски стрелаше пет пати за Пролет. Во следното коло битолчани ќе играат против Прилеп на гости, додека Пролет ќе има градски двобој со Бутел Скопје.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126