Стружанка победнички се враќа од Гостивар

Ракометарките на Стружанка по триумфот над Астибо и службениот пораз од Овче Поле СУ, запишаа уште една победа во прволигашката конкуренција.

Стружанки славеа на гостувањето кај Јехона во Гостивар со 21-16, откако и на паузата водеа со 11-16.

Домаќинките во вториот дел се обидоа да направат нешто повеќе, но не успеаја да ја намалат големата негатива.

Предводнички во победничката екипа беа Маја Раткушиноска со шест и Марија Маркоска со пет гола, а кај Јехона, стандардно се истакна Алтина Хасани.