Тиквеш доминираше и „ја наполни“ мрежата на Скопје

Домашниот тренер во првото полувреме двапати мораше да побара тајмауат, но и покрај тоа двофрената предност беше во корист на Тиквеш, кој уште по првите 30 минути имаа одлично водство, 20-9. На крајот предноста се дуплираше, па гостите од Кавадарци си заминаа со триумф од 42-24. Со овој пораз Скопје останува на дното на табелата и повеќе од веројатно нема да пренесе бодови во разигрувањето за опстанок.

Тиквеш е на второто место на табелата, има 33 бода, три повеќе од Охрид. Но, во последното коло на каварачани им треба „чудо“ за да го задржат ова место. Мораат да му земат бод на вицепрвакот од Автокоманда, додека Охрид има лесно домаќинство против Скопје.

На дуелот во Скопје гостите поведоа со 5-0, кога беше побарај првиот тајмаут, ама тоа не помогна многу па водството се зглеми на 8-0. Прв знак дека нема да има неизвесност. Домашниот тим својот прв гол го постигна во 12 минута,а до крај на првиот дел дадоа само девет гола.

Неизвесно беше само со колкава предност Тиквеш ќе замине дома. ТВо еден момент беше и „плус 20“ (38-18), ама до крај таа разлика се намали на само 18 гола предност.

Кај победничкиот тим Евгениј Темелкоски даде 10 гола, а двојно помалку погоди Мирко Мајиќ. Кај домашниот тим Кирил Пешкирски постигна 6 гола, а пет гола постигна Стефан Стојановски.

ТАБЕЛА А ГРУПА

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818