Вицепрвакот не виде мака со Куманово

Вицепрвакот во натпревар од 13. коло од Супер лигата на свој терен го совлада Куманово со 29:12 (14:9) и веќе го осигура првото место во групата А.

Тоа значи дека тимот од Автокоманда во плеј-оф фазата ќе пренесе максимален број бодови, односно три.

Избраниците на Кире Лазаров победата ја обезбедија уште на стартот, се одлепија на 9:1 и рутински го одиграа останатиот дел од мечот.

Најефикасни во победничката екипа беа Максим Габрески и Давид Савревски со по шест погодоци.

Во составот на Куманово прво име беше интернационалецот од Грузија, Уча Гамзардија со четири погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122