Драган Аџиќ презема унгарски клуб

Прославениот стратег од Црна Гора, Драган Аџиќ, би можел во следната сезона да седне на тренерското столче на Мошонмаѓаровар, пишува „Handballexpert“.

Аџиќ моментално е без клупски ангажман, откако во ноември минатата година поднесе оставка од тренерската функција во Крим.

Црногорецот на репрезентативно ниво е селектор на женската сениорска репрезентација на Словенија и на словенечката клупа седи од месец април 2021 година.

На клупско ниво го предводеше и Будуќност. Со овој клуб двапати ја освои Лигата на шампионите, во сезоните 2011/12 и 2014/15.

Мошонмаѓаровар во изминатите сезони е еден од подобрите клубови во унгарскиот шампионат, а покрај настапите на домашна сцена, учествува и во Европа