Денеска во центарот на вниманието ќе бидат двата меча на машката и женската кадетска репрезентација на Светското првенство во училишен ракомет.
Кадетките се пласираа во четвртфиналето, а денеска од 10:30 часот ќе се борат против Словачка за првото место во групата Ц.
Противник во ТОП 8 ќе им биде Бразил или Романија, а тој меч е закажан за 26 април.
Кадетите одат на мегдан на Република Српска, мечот се игра од 10:30 часот во салата „Македонско сонце“, а доколку слават ќе им треба уште бод во последното коло со Саудиска Арабија в недела за да бидат полуфиналисти.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
10:30 МАКЕДОНИЈА – РЕПУБЛИКА СРПСКА (МАКЕДОНИЈА)
10:30 МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА (МАКЕДОНИЈА)


























