View this post on Instagram
🎥Лазаревски: Сонуваме за Ф4 во Лигата на Европа
Вардар го победи петти пат по ред тимот од Автокоманда и практично ја врати титулата во македонската Супер лига, бидејќи му фали уште еден бод од дуелот со Еурофарм Пелистер за да се врати на македонскиот трон. Кружниот напаѓач Милан Лазаревски доби црвен картон поради три исклучувања, но неговиот тим и покрај тоа успеа рутински да го доврши мечот и победнички да го очекува двомечот со францускиот Монпелје од Лигата на Европа.








