Женската кадетска репрезентација во ноември годинава ќе ги игра квалификациите за пласман на Европското првенство што наредното лето е закажано во Црна Гора.
Избраничките на Славиша Димитријески (У16), кои наредната година влегуваат во кадетската конкуренција, се најдоа во првиот шешир пред ждрепката што ќе се одржи на 27 април.
Македонија во првиот шешир е со Австрија, Исланд и Португалија, а ќе игра против три ривали. В понеделник ќе има ждрепка и за организаторите на квалификациските турнири.
Ждрепка ЕП 2027, кадетки:
шешир 1: Македонија, Австрија, Исланд, Португалија
шешир 2: Фарски Острови, Литванија, Полска, Словенија
шешир 3: Финска, Италија, Косово, Турција
шешир 4: Грција, Израел, Луксембург, Украина
Пласман на ЕП 2027 ќе обезбедат прво и второпласираните во сите четири групи по четири селекции, како и најдобрата третопласирана.
15 Селекции веќе се пласирани на ЕП 2027. Покрај домаќинот Црна Гора, таму се Данска, Шпанија, Франција, Германија, Унгарија, Холандија и Шведска, како и Словачка, Хрватска, Чешка, Норвешка, Романија, Србија и Швајцарија според рејтингот на женските младински селекции.
























