Македонските кадети на чекор до полуфинале – ја совладаа и Република Српска!

Машката кадетска репрезентација на Македонија ја запиша третата победа во групната фаза на Мундијалот во училишен ракомет што се игра во Скопје.

Избраниците на Горан Кузманоски ја победија и селекцијата на Република Српска со 27-25, откако на полувремето водеа со 15-10.

Ривалите се вратија во мечот, во финишот дури и поведоа со еден гол, но македонските кадети не дозволија изненадување и Ѓорѓиевски со голот во последната секунда стави точка на мечот.

Сега следува ден пауза за кадетите, а в недела од 12:30 часот следува пресметката со Саудиска Арабија, на која и бод ќе ни биде доволен за првото место во групата и пласман во полуфиналето.