Женската кадетска репрезентација на Македонија ја запиша третата победа на Светското првенство во училишен ракомет и го освои првото место во групата Ц.
Пред налетите на избраничките на Даниела Новеска падна селекцијата на Словачка, која беше совладана со убедливи 29-13.
На полувреме нашите млади ракометарки водеа со 11-7, а во вториот дел комплетно го надиграа ривалот, кој патем сеедно со кој состав е дојден, е актуелен европски шампион во оваа возрасна категорија!
Кадетките утре ќе одмораат, а в недела ги чека четвртфиналниот дуел на СП против Бразил или Романија.
























