ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Бутел го пречекува вицепрвакот, Вардар на гости во Охрид

На денешната програма во Македонија ќе има девет натпревари, два од нив се во рамките од 6. коло од плеј-оф фазата во Супер лигата.

Со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Антон Димитров“ ќе се сретнат Бутел Скопје и тимот на Кире Лазаров.

Вицепрвакот е фаворит само на хартија, бидејќи во досегашните меѓусебни пресметки бутелци покажаа дека можат да им парираат на „сино-белите“.

Возбудлив дуел се очекува и во Охрид каде што истоимената екипа ќе се обиде да го надигра составот на Вардар.

Охриѓани со евентуална победа на денешниот дуел би го задржале второто место на табелата.

Кај дамите ќе се одиграат два дуели од 18. коло, додека кај прволигашите ќе има три натпревари од плеј-оф/аут фазата.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ГЕВГЕЛИЈА – ПЕЛИСТЕР (ЖЕНСКА ЛИГА)
16:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СТРУЖАНКА (ЖЕНСКА ЛИГА)
17:30 ЈЕХОНА – РАДОВИШ (ПРВА ЛИГА)
18:00 БОРЕЦ – КИЧЕВО (ПРВА ЛИГА)
18:00 БУТЕЛ – АЛКАЛОИД (СУПЕР ЛИГА)
18:30 ОХРИД – ВАРДАР (СУПЕР ЛИГА)
19:00 ПАРТИЗАН – ТЕКСТИЛЕЦ (ПРВА ЛИГА)
20:00 МАКЕДОНИЈА ЃП – ДРАЧЕВО (ПРВА ЛИГА)