Познато е кои судии ќе делат правда на дербито Охрид – Еурофарм Пелистер

Oхрид и Еурофарм Пелистер в среда ќе го одиграат последното големо дерби сезонава во македонската Супер лига, а влогот е огромен, второто место на табелата и статусот вицешампион кој ќе значи место во Лигата на Европа, ако Вардар добие вајлд-карта за Лигата на шампионите.

Натпреварот во СЦ „Билјанини Извори“ е закажан за 20 мај со почеток од 19:00 часот, а познати се судиите што ќе го судат важниот натпревар.

Правдата на теренот ќе ја дели судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека делегати на средбата ќе бидат Марјан Начевски и Лери Мирчески.

Во пресрет на дербито, Охрид се наоѓа на второто место со 50 бодови, два повеќе од Еурофарм Пелистер кој има 48. Тоа значи дека битолчани мора да победат доколку сакаат да останат во трката за вицешампионската позиција, но потоа ќе мора да слават и против тимот на Лазаров во последното коло.

Можни сценарија во битката за второ место – што му треба на Охрид, а што на Еурофарм Пелистер?