Карлос Ортега е на чекор до продолжување на соработката со Барселона и според најавите ќе остане на клупата на каталонскиот гигант најмалку до летото 2029 година.
Според информациите на „Мундо Депортиво“, преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза, а иако договорот сè уште не е официјално потпишан, постои голем оптимизам дека наскоро ќе биде финализиран.
54-годишниот стратег ја води Барселона од летото 2021 година, кога на тренерската позиција го наследи Чави Пасквал. Под негово водство каталонците продолжија да доминираат во шпанскиот ракомет, а останаа и еден од главните фаворити за европската круна.
Актуелниот договор на Ортега истекува во 2027 година, но раководството на клубот сака навреме да ја обезбеди стабилноста на проектот и да ја продолжи успешната соработка со искусниот тренер.

























