Кавадарчаните Велков и Димовски се вклучија во хумана мисија

Тимот на Тиквеш се вклучи во уште една хуманитарна акција за помош во лекувањето на 14-годишниот Божидар Јованов од Кавадарци.

Голманот на клубот, Марјан Велков, како и десниот бек Мартин Димовски, ги ставија своите дресови на аукција. Покрај нив, истото го направи и левото крило Дарко Кондев, коj четири сезони беше дел од Тиквеш.

Тој што ќе ја има јвисоката понуда до среда до 12:00 часот, ќе ги добие нивните дресови, а сумата ќе биде наменета за лекување на младиот кавадарчанец.

Јованов и неговите родители водат заедничка тешка битка за неговиот живот, а повеќе детали за актуелната негова состојба, како и за начинот на донирање може да прочитате ТУКА.